„СРЕДБИ НА БОШЊАЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ОРИЗАРИ – 2007“

ImageМанифестација ,,Средби на Бошњаците од Македонија – Оризари – 2007 “, како и во изминатите години се одржа од 29.04. до 6.05.2007 година. Оваа јубилејно 30-то издание на манифестацијата беше прославено на достоинствен начин.

 

И овој пат генерални покровители беа Советот и Градоначалникот на Општина Велес. Манифестацијата финансиски ја потпомогнаа и одреден број на фирми и поединци од Велес, Р.Македонија и дијаспората.

Манифестацијата започна со турнир во мал фудбал за јуниори, на кој учестваа 12 (дванаесет) екипи од општината и пошироко. Првото место го освои екипата на „Неџо Транс“ од Оризари , второто место и припадна на екипата „Житоше“ од општина Крушево, а третопласирана беше екипата „Италија“ од с.Клуковец. За најдобар играч во категорија јуниори беше прогласен Александар Крстевски, додека приматот за најдобар голман му припадна на Нихад Куртагиќ и двајцата од победничката екипа на „Неџо Транс“ – Оризари.

Во категорија на сениори на турнирот учествуваа 14 екипи од цела Македонија. Првото место го освои екипата  „Оризари“ од  Оризари, второто место го освои екипата „Превалец“ од Превалец додека третото место ја освои екипата од Скопје. За најдобар поединец беше прогласен Едо Мушиќ. За најдобар голгетер Фикрет Рамовиќ .
Уште една спортска дисциплина привлече големо внимание кај многубројните посетители. Фрлање камен од рамо, древна спортска дисциплина која се пренесува од колено на колено кај припадниците на бошњачката заедница. Во оваа дисциплина зедоа учество 15 натпреварувачи од цела Македонија.  Првото место го освои Ибро Авдовиќ од Оризари, вториот беше Неџиб Хусковиќ од Оризари, додека третопласиран беше Харун Шалиќ исто така од Оризари.

Турнирот во Кошарка се одржа во претпладневните часови, а првопласираните три екипи од Батинци – Скопско, Оризари – Велешко и Десово од Општина Долнени ќе го чуваат приматот на трите најдобри екипи до следните Средби на Бошњаците на Република Македонија.

Image Image

На 05.05. 2007 година со почеток во 11 часот , во просториите на Општинската канцеларија во Горно Оризари се одржа јавна трибина на тема „Политичко и невладино ангажирање на Бошњаците во Република Македонија“. Во присуство на голем број личности од политичкиот, јавниот и културниот живот во Република Македонија, речиси цели 4 часа се разговараше на оваа тема. На Јавната учествуваа Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, Претседателот на СДА на Република Хрватска, Шемсо Танаковиќ и Иван Качуров претседател на културниот центар на Македонија во Хрватска.

Во рамките на настанот беше промовирана книга на писателот Алија Авдовиќ од Оризари, а промоторот беше Шефкија Боранчиќ. Беше отворена и  изложба на фотографии - ретроспектива на триесет годишнината на манифестацијата  „Средби на Бошњаците од Македонија“. Изложбата ќе остане отворена уште недела дена поради голем интерес на многубројните гости кои ја посетуваат.

Во вечерните часови по 30-ти пат се одржа фестивалот на аматери пеачи „Глас на Оризари 2007“. „Средбите на Бошњаците од Македонија“ завршија на 06.05.2007 година со општонародна веселба - тефериџ.