Подароци за лицата со попречености во развојот

Повардарската епархија, денеска на големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, организираше забава за луѓето со церебрална парализа. Во соработка со Општина Велес и Здружението на лица со церебрална парализа беа подарени новогодишни пакетчиња.

На божиќната веслба присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев кој честитајќи го денешниот верски празник, истакна дека оваа категорија на граѓани целосно ја имаат поддршката од општината за сите потреби кои ги остваруваат преку нивното здружение.