Самостојна изложба од Тони Шулајковски
Во Среда 16.05.2007 год. во 19,30 часот. во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена седумнаесетата самостојна изложба на академскиот сликар Тони Шулајковски.
Роден е 1969 година во Скопје. Факултетот за ликовни уметности во Скопје го завршил 1992 год. Награда за најдобар студент на педагошкиот оддел добил 1992 год, член е на ДЛУМ од 1993 година. Постдиплоомски студии - насока сликарство завршил на ФЛУ во класата на Родољуб Анастасов. Има реализирано 16 самостојни изложби, а учествувал на многу групни изложби и на преку 50 колонии. Добитник е и на повеќе награди.
Шулајковски црта и обликува со бојата во едно ритмичко движење и прелевање на тоновите, од вулканско еруптивни бои и тонови во дел од сликите до студени сиво зелени тонови во останатите, создаваќи симболичко асоцијативни форми и облици.
Во Ликовниот салон ќе биде преставен со 40 слики, во техника акрилик на платно работени во 2006 година.