Велес домаќин на Малите олимписки игри 2007
Од 17-19 мај, годинава, Велес ќе биде домаќин на петото издание на спортската манифестација Мали олимписки игри. Како што на прес конференција соопшти претседателот на Организациониот одбор на манифестацијата, градоначалникот Аце Коцевски, околу 800 учесници од сите основни училишта во Македонија ќе се натпреваруваат во колективните спортови ракомет, одбојка, кошарка, мал фудбал, а ќе има и натпревари по атлетика на градскиот стадион. Учесниците ќе бидата сместени во домовите на нивните другарчиња од Велес. Малите олимписки игри ќе бидат отворени на 17 мај, со почеток во 20 часот, во спортската сала на ЈП „Парк спорт“ со програмата „Велешка приказна“ во која ќе настапат 190 ученици од општинските основни училишта во Велес.
Игри ќе се одржат под покровителство на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Општина Велес. Организатори се Федерација на училишен спорт на Македонија, Сојузот на Спортски Федерации на Република Македонија и Општина Велес,а поддржувачи Македонскиот олимписки комитет и Сојуз на спортски федерации на Република Македонија. Генерален спонзор на петтото издание на игрите е Пицерија ресторан „Снупи“, а како спонзор се јавува и ГП „Делта пром“. Сериозно пристапувајќи кон организацијата на оваа значајна спортска манифестација, Општина Велес во Буџетот за 2007 година обезбеди средства во висина од 700.000 денари за санација на спортските објекти. Министерство за образование и наука обезбеди 1.000.000 денари за оваа намена, а средства во висина од 200.000 денари од сопствени приходи обезбедија општинските средни училишта „Гимназија Кочо Рацин“, и „Димитрија Чуповски“. На прес конференцијата посветена на Малите олимписки игри присуствуваа и Александар Туфекчиевски од Федерацијата за училишен спорт и Васе Ефтимов претставник на Агенцијата за спорт и млади кои укажаа дека оваа национална спортска манифестација е од големо значење за поттикнувањето на развојот на спортот во основното образование.
ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ ПОКАНУВА СИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГО ПРОСЛЕДАТ ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА МАЛИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ
ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ ПОКАНУВА СИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГО ПРОСЛЕДАТ ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА МАЛИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Свечено отворање 17.05 (четврток) со почеток во 20 часот.
Место: Спортска сала на ЈП „Парк-спорт“
Место: Спортска сала на ЈП „Парк-спорт“