Се отстранува големиот дефект на водоводната цевка

Се отстранува големиот дефект на водоводната цевка - 1

Екипи на ЈКП „Дервен“ Велес интензивно работат на отстранување на дефектот на главната водоводната цевка која се наоѓа на спојот од улиците „Белградска” и „Киро Ќучук”.

Појавениот проблем предизвика прекин на водоснабдувањето во овој дел од градот. Според најавите од комуналното претпријатие, состојбата ќе се нормализира во најбрзо време. На лице место, со активностите за санација на водоводната мрежа, од страна на директорот Фиданчо Цековски беа запознаени и градоначалникот Славчо Чадиев и пратеникот Илија Димовски.

Се отстранува големиот дефект на водоводната цевка - 2