Состанок со претседателите на месните и урбани заедници
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, денес се сретна со претседателите на месните и урбани заедници.
На состанокот беа иницирани тековни прашања и проблеми од комуналната, сообраќајна сфера, локалниот економски развој, екологијата, изградба на нови патишта, улично осветлување, како и други теми од локален интерес.