ДВОКРАТНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО АВТОМОБИЛИЗАМ ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ УТРЕ ВО ВЕЛЕС ЌЕ ГИ ЕДУЦИРА МЛАДИТЕ ВЕЛЕШАНИ

Игор Иџе Стефановски

Двократниот европски првак во автомобилизам Игор Иџе Стефановски ќе ги советува и едуцира младите велешани за поголема безбедност во сообраќајот. Кампањата се реализира под мотото „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“.

Утре во спортската сала „Гемиџии“ во Велес со почеток од 12.00 часот, Иџе ќе ги посоветува младите да се насочат и да го изберат вистинскиот пат, спортот.

Истрајност, храброст и труд но пред сè фер плеј, како во сообраќајот така и во спортот е она на кое што инсистира шампионот. За почист воздух во Велес, Игор Иџе Стефановски е планирано да насади садници и со тоа даде позитивен пример на младите велешани.

Покрај обраќањето на Иџе, присутните ќе можат да се дружат со шампионот и да се фотографираат, да пробаат да возат на виртуелните симулатори од академијата на Стефановски.

Изминатите недели караванот ги посети Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Кавадарци.