Одбележан Денот на пожарникарството

ImageПо повод 20 –ти мај, Денот на пожарникарите, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски оствари средба со вработените во Територијалната противпожарна единица при Општина Велес. Честитајќи им го празникот, Коцевски изрази задоволство од професионалноста, одговорноста и посветеноста на сите вработени во Територијалната противпожарна единица. Во рамките на средбата стана збор за повеќе аспекти од функционирањето на единицата во процесот на децентрализација, насоките за надминување на постојните проблеми и перспективите за зајакнување на техничките капацитети и човечките ресурси во единицата.

Денот на пожарникарството 20-ти  мај, во Република Македонија е востановен во 1936 година кога е формирана првата професионална противпожарна единица.

Image  Image