Одбележан денот на просветните работници
Со свечена академија насловена „Светлина што не згаснува“, што се одржа во организација на Општина Велес и ООУ „Св. Кирил и Методиј“, просветните работници го одбележаа 24 Мај, денот на сесловенските просветители, а училиштето што го носи нивното име одбележа 150 години од постоењето.
Во рамките на свечената академија за историјата на училиштето кое одигра значајна улога во развојот на образованието во Велес говореше Стефанка Ценева, директор на ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Потенцирајќи ги историските придобивки што училиштето ги даде за Велес, Ценева ја нагласи ориентацијата за примена на највисоките образовни стандарди во неговата денешна работа.
На свеченоста пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. „Единаесет века откако светите оци, учители и зачетници на писменоста браќата Кирил и Методиј нам и на сите словенски народи во наследство ни ја оставија азбуката, писменоста и духовноста,уште повеќе треба да бидеме свесни кои сме, од каде сме и каде одиме“, рече Коцевски потенцирајќи ги заложбите на Општина Велес во рамките на децентрализацијата на обезбеди квалитетно образование за сите генерации ученици и студенти.
Годинава за најдобри просветни работници во Општина Велес беа прогласени Зоран Станковски, наставник по математика и физика од ООУ „Васил Главинов“ и Јагода Трајчова, професор по англиски јазик во ОСУ „Јовче Тесличков“ на кои градоначалникот Аце Коцевски им врачи пригодни признанија.
На свечената академија беше активиран и првиот општински образовен портал, а одбележувањето беше збогатено и со пригодна културно-уметничка програма во изведба на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“.