Отворени денови на стрелаштвото
По повод денот на Гемиџиите, во стреланата на Стрелачкиот клуб „Велес" изминативе два дена се одржа манифестацијата „Отворени денови на стрелаштвото". На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев. Целта на стрелачкиот клуб е анимирање на младите за стрелаштво, како спорт кој промовира самодисциплина и смиреност.