Христово Воскресение - Велигден
Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена вечерва, точно на полноќ. Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“! Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.
На богослужбата во чест на Христовото Воскресение, присуствуваа градоначалникот Славчо Чадиев и пратеникот во македонското собрание Илија Димовски. Во продолжение на празникот се служи Велигденска Воскресна Литургија, каде многубројните верни чекаат до раните утрински часови да се соединат со Господ Исус Христос, примајќи ги Неговите Свети дарови.