55 години постоење на Боречкиот клуб „Борец“
Борачкиот клуб „Борец” денес одбележа два настани. 55 години од постоењето на Борачкиот клуб „Борец” и 35 години од смртта на големиот велешки борач Љубомир Коцев Листон. На турнирот учествува седум екипи од Македонија со 60 борачи, а се одржува во две категории, кадети и пионери. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев кој поздравувајќи ги гостите и организаторите, посака уште долги години успешна работа со многу забележани резултати.