Крапски куп на Република Македонија „Гемиџии 2016“
Измитатите три дена на велешкото Езеро Младост се одвиваше натпреварување во фаќање крап. Овој куп е прв од ваков вид на велешкото езеро, на неодамна изградените крапки боксови долж брегот на езерото.
На купот учествуваа осум екипи од Република Македонија, а наградата прво место и најголема изловена риба ја освои екипата СРЗ „Треска“ од Кичево. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, кој ги поздрави присутните риболовци.