Завршија трибините за „Сексуално преносливи инфекции“ во средните училишта

Во согласност со програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита за 2016 година, Општина Велес во соработка со Центарот за јавно здравје, реализираше трибини за „Сексуално преносливи инфекции“. Приоритетот на темата е утврден од Советот за јавно здравје на Општина Велес.

Целна група претставуваа учениците од средните училишта во Општина Велес.
Предавачи на трибините беа д-р Снежана Петрова и д-р Ефтим Димитриев.