Саем за бизнис и претприемништво

По 8-ми пат се одржа Саемот за бизнис и претприемништво при ССОУ „Јовче Тесличков“ на која учествуваа повеќе виртуелни компании.
Иако поводот за денешната средба беа виртуелните компании претставени на Саемот за бизнис и претприемништво, се нагласи и успехот на учениците во сите области, а со тоа и сестраноста и хармонијата што владее во оваа образовна институција и пред се можноста талентите да се издвојат и им се даде прилика да напредуваат во областите што им лежат.

-„Овие виртуелни компании на младоста се всушност практична примена и проверка на научното знаење што го стекнавте во вашето училиште и проба пред директниот судир во реалниот свет каде што вистински бизнисот и прептприемништвото се многу важна и водечка сила.“ - истакна Петре Саздов, член на Советот на Општина Велес.
Освен саемската манифестација, денеска училиштето ги претстави и образавните профили кои ги нуди, проектите кои се работат и достиугнувањата во програмата Еразмус плус.
Струките и профилите што се изучуваат во ова училиште стануваат се поинтересни за бизнис заедницата.