Одбележан Денот на просветителите
Со свечена академија што се одржа оваа вечер во Народниот театар „ ЈХК-Џинот“ , Општина Велес го одбележа националниот празник 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. На академијата присутните ги поздрави Градоначалникот м-р Славчо Чадиев кој го нагласи значењето и придонесот на оваа благородна професија за сегашните и идните генерации на Велес како и желбата за знаење, учење и создавање што не одликува и разликува.На Академијата Градоначалникот Чадиев ги додели признанијата за најуспешните наставници во 2016-та година.
Наградата за најдобар наставник од општинските основни училишта во одделенска настава во Општина Велес за 2016 година ја доби Трендафилка Илкова, наставник во ООУ „Благој Кирков“-Велес.
Наградата за најдобар наставник од општинските основни училишта во предметна настава во Општина Велес за 2016 година ја доби Весна Здравковска, наставник по математика во ООУ „Васил Главинов“-Велес додека, наградата за најдобар наставник од општинските средни училишта во во Општина Велес за 2016 година ја доби Орданче Амбарков , наставник во ССОУ „Коле Неделковски“-Велес.Секогаш и секаде има поединци што се издвојуваат и што заслужуваат да им се оддаде признание за вложениот труд. Од таа причина Општина Велес секоја година им оддава признание на наставниците од основното и средното образование. Тоа не значи дека другите не се добри и не ја заслужуваат наградата. Напротив. Оваа пракса општината ја воведе за да покаже дека ја цени и почитува работата на просветните работници.Од преземањето на надлежностите во областа на образованието Општина Велес свесна за улогата и значењето на образованието за развојот на локалната заедница вложува максимални напори да ги подобри условите за работа во училиштата, да обезбеди рамномерен развој на образованието во сите средини, да го издигне на европско ниво, да го стандардизира квалитетот на наставата.
Програмата продолжи со фолклорните амбасадори, членовите на ансамбл „Керамичар“ и нивните и наши гости од КУД „Космај“, Р. Србија.