Меѓуетничка интеграција во велешките основни и средни училишта

Во текот на денешниот ден во Општина Велес се одржа презентација на реализираните активности за Меѓуетничка интеграција во сите основни и средни училишта.
Ова е многу важно за градење на социјална и меѓуетничка кохезија. Ваквото образование ќе ги постави граѓаните во многу подобра позиција за активно да учествуваат во глобалното живеење на 21-от век.

Високиот одзив на училиштата, наставниците и учениците, е показател за огромната потреба за меѓуетничка интеграција и дека истата е добредојдена во училиштата.
Општина Велес ја поддрува одржливоста и придобивките од овој проект и ќе продолжи интензивно да го помага.