Вистинската љубовна приказна на Рацин
На 13 јуни, денот на убиството на Коста Солев Рацин, во центарот на Велес, со почеток во 21 часот, премиерно ќе беше прикажан играно-поетскиот филм „Елегии за тебе“, авторски проект на Васил Зафирчев и Данчо Стефков.
На премиерата присуствуваа исакнати личности од државниот естаблишмент и дипломатскиот кор во Република Македонија. Филмот претставува провокација на прашањата: Која е вистинската муза на поетот и Дали Рацин е убиен. „Ние тврдиме дека Рацин е ликвидиран. Сега не е важно прашањето кој го уби Рацин, туку зошто воопшто тоа се случило“, изјавија авторите Зафирчев и Стефков на прес конференцијата во просториите на Општина Велес.
Според авторите, Елегија за тебе“ е првиот играно-поетски филм посветен на големиот поет Коста Солев Рацин кој се обидува зад неговата „убаво спакувана животна сторија“ со која на јавноста и е понудена „само една вистина“, да одгатне која била таинствената Невенка Вујиќ во животот на Рацин и дали неговта вистинска муза е Рахилка Фирфова со која во животот не размениле ниту збор.
На прес конференцијата Калиопи Букле, автор на музиката во филмот на новинарите им откри детали од нејзините први предизвици за создавање на филмска музика и саундтракот „Грев“ инспириран од филмот. Како што беше речено на прес конференцијата,премиерата во Скопје ќе се случи на 15 –ти јуни, а потоа следуваат премиерни прикажувања на филмот во Битола, Штип и други градови во Македонија. Филмот ќе учествува на фестивал во Република Македонија.
Авторите упатија благодарност до повеќе фирми спонзори на филмот и донаторот Општина Велес кои им дадоа поддршка за реализација на овој филмски проект посветен на Рацин.