44-те Рацинови средби во знакот на бесмртноста на поезијата
Чествувањето на Рациновата поезија во рамките на 44-то издание на културната манифестација „Рацинови средби“, годинава го започна проф - др Ѓорги Сталев со „Почит кон Рацин". „Ние како народ имаме две митски легенди. Третата легенда е Рацин. Како основач на современата македонска поезија, Рациновата експресионистичка димензија стои на врвот на нашата историја“, рече меѓу другото проф. Д-р Сталев.
Во рамките на „Рациновите средби“ годинешниот добитник на Почесното Рациново признание д-р Мириљуб Стојановиќ од Република Србија кому признанието му е доделено за континуирана презентација и афирмација на македонската култура во странство, го претстави Паскал Гилевски.
Констатирајќи дека ова значајно признание допаднало во рацете на личност која веќе 30 години како човек, литерат, преведувач и есеист неуморно ја афирмира македонската литература и култура, Гилевски напомена дека д-р Стојановиќ е автор на 5 книжевни дела посветени на македонските писатели, дека има преведено 7 книги од истакнати македонски автори,а македонската литература сеуште му е голем предизвик.
Во својата „Беседа за Рацин“, добитникот на Почесното Рациново признание ја изрази својата фасцинираност од поезијата и воопшто творештвото на Коста Солев Рацин што го поттикнало да напише и „Студија за Рацин“.
„50 години од мојата прва средба со Рацин, го добивам Почесното Рациново признание“, рече д-р Стојановиќ кој изрази огорченост од недоволниот третман на работата на промоторите на македонската култура во странство, од страна на македонската држава. За годинешниот лауреат, добитникот на Рациновото признание,истакнатиот македонски писател Коле Чашуле, говореше академик Матеја Матевски.
„Коле Чашуле е Рациновец во вистинска смисла на зборот и негов собрат и по живот и по дело и по дух“ рече академик Матевски, потенцирајќи дека овој плоден прозаист, есеист, публицист, припадник на првата генерација писатели кои излегоа од војната, со големо книжевно љубопитство и ерудиција создаде обемен книжевен опус од 50 романи и 20 на драми меѓу кои и најизведуваниот драмски текст „Црнила“. На 44-то издание на манифестацијата „Рацинови средби“, делегации на Општина Велес, Друштвото на писателите на Македонија, Сојузот на Борците, Општина Другово како и делегации на образовни институции од Велес положија цвеќе на спомен-обележјата на Коста Солев Рацин кај гимназијата што го носи неговото име и во центарот на Велес.

Присутните гости и посетители имаа можност во родната куќа на Рацин да ја видат новата музејска поставка во која се вклучени многу лични предмети и спомени на големиот поет. Програмските содржини на „Рационовите средби беа збогатени и со самостојна изложба на керамика на велешкиот академски сликар Александар Попов-Сашко кој ги воодушеви присутните со спојот на традицијата во грнчарството, практичноста и светлината како потреба.
Манифестацијата кулминираше со „Отворена поетско –музичка вечер“ во големата сала на Општина Велес. Добредојде на присутните гости и посетители им посака градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски кој меѓу другото порача:
„За Велес, Коста Солев Рацин е битот, суштината, нашата наголема гордост, нашиот најсилен глас во светот.Најдостоен продолжувач на делото на Џинот, Жинзифов и сите велешки великани втемелени во македонската култура.
На отворената поетско –музичка вечер на која на годинешните лауреати д-р Мирољуб Стојановиќ и Коле Чашуле им беа доделени „Почесното“ и „Рациновото признание“ учествуваа поети од Република Македонија, Република Словачка, Република Бугарија, и Република Грција. Празното столче на сцената беше посветено на неодамна починатиот велешки поет Тихо Најдовски, а во чест на Најдовски беше прочитана и негова поезија. За музичкиот дел од 44-то издание на културната манифестација „Рацинови средби“ беше задолжен истакнатиот македонски музичар Зафир Хаџиманов кој со музичка и вокална поддршка од семејството на велешани и присутните гости им приреди несекојдневно музичко доживување.