ПРВАТА ФИТНЕС ЗОНА СЕ ГРАДИ ВО ВЕЛЕС

Денес во Велес започна да се гради новата фитнес-зона која ќе се наоѓа во Градскиот парк, а е прва од предвидените 20 низ целата држава, кои претходно ги најави Владата на Република Македонија. По тој повод утрово директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев направија увид во активностите за изградба на зоната.
Инаку отворениот фитнес центар ќе претсавува еден вид теретана на отворено и место каде што ќе може многу млади, но и повозрасни да рекреираат на најсовремена фитнес опрема. Истата ќе простира на површина од 180 квадратни метри, на гумирана подлога, а ќе се постават и клупи и корпи за отпадоци, како и информативна табла за користење на реквизитите.

Според директорот Спасески, досега од страна на Агенцијата за млади и спорт во Велес се вложени преку 1 милион евра за изградба на фудбалското игралиште, за изградбата на 4 тениски терени и 3 повеќенаменски игралишта, а до крајот на годината ќе започне и реконструкцијата на покривот на спортската сала “Гемиџии”. Како што информираше директорот, Велес е опфатен и со проектот за изградба на 150 игралишта за “street basket” кои се очекува да се реализираат на почетокот на следната година.
Од страна на градоначалникот Славчо Чадиев беше искажана огромна благодарност до Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт а сите досегашни инвестиции во Велес. Тој ја искористи приликата да упати порака дека до младите луѓе од Велес дека само преку спортувањето и здравите навики на живеење, се помага во психо-физичкиот развој на иднивдиуата и се води вистинска борба против пороците на модерното општество.