Одбележана 15 годишнината од смртта на Оливер Китановски
Денес на спомен-обележјето и вечното почивалиште во Башино Село се одбележаа 15 години од смртта на бранителот Оливер Китановски. Почит на прерано загинатиот бранител Оливер Китановски му изрази делегација од Општина Велес, претставници на МВР, членовите на семејството, неговите колеги од специјалната едница „Тигар“ како и останати здруженија на бранители од конфликтот во 2001 година. 21 годишниот Олиер Китановски на 29 јуни 2001 година, по петдневна борба за живот им подлегна на раните здобиени од терористички истрел на 23 јуни во борбите кај Арачиново недалеку од Скопје.
Во 2013 година, Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов постхумно го одликуваше загинатиот бранител Оливер Китановски за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.