Во чест на великанот Кочо Рацин
Филмска премиера во центарот на Велес
На 13 јуни, денот кога пред 64 години, на Лопушник Македонија засекогаш изгуби еден од своите наголеми умови и најмаркантни фигури, Коста Солев Рацин, во Велес се случи филмска премиера посветена на великанот. Филмската провокација за историчарите и научните кругови, авторскиот проект на Васил Зафирчев и Данчо стефков, играно-поетскиот филм „Елегија за тебе“ го претвори Велес во вистинска филмска престолнина. Со црвен тепих, лимузини, гламур како на познатите светски фестивали, на современ начин, но суптилно само како што умее тој, Кочо Рацин повторно ги разбранува духовите.
Премиерата на филмот на три видео бима во централното градско подрачје ја следеше повеќеилјадна публика. Имаше солзи, кренати раменици, воодушевување, восхит и сомнеж, и негодување, имаше музика која допре до многумина, имаше емоции за Рацин, за сето она што тој го буди во секој Македонец. Но, најважно од се Рацин беше меѓу нас, уште посилен, понедостижен и потаинствен. Уште еднаш покажа како што вели Васил Зафирчев „дека е наша најголема духовна перјаница“. Зафирчев ја толкуваше улогата на Рацин во проектот кој на мошне суптилен начин јавно ги отвори прашањата за неговата смрт.
Пред присутните ВИП гости меѓу кои беа премиерот Никола Груевски со сопругата, претседателот на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, претставници од дипломатскиот кор, бизнис заедницата, луѓе од политичкиот живот и истакнати уметници, филмот го промовираше Илинденка Петрушева, филмолог, филмски критичар и есеист која накратко рече дека делото го доживеала како „Филмски есеј за Рацин“, но остави енигма за она што можеше да го очекува публиката.
Како што наведе и прологот на филмот „Во историските лавиринти ликот на Рацин со децении беше прикриен во убаво спакувана животна сторија, пронижана од една љубов и добро затворена од сите страни како патоказ кон само една „вистина“, сплетена од историско политичките интереси во текот и по завршувањето на Втората светска војна. Филмот трага по одговорите на овие две клучни мистерии во неговиот живот следејќи го инстиктот на трагачот чија единствена вистина е дека вистината секогаш има најмалку две лица“. „Елегија за тебе“ ја отвори дилемата која е вистинската муза на поетот Рахилка Фирфовиќ или тинствената Невенка Вујиќ.

Сценариото е на авторскиот тандем Зафирчев-Стефков. Стефков се јавува и како директор на фотографија и монтажа, а Зафирчев како режисер на филмот.
Насловните улоги покрај Васил Зафирчев како Рацин ги толкуваат Милица Стојанова ( Марија – мајка на Рацин); Маја Вељковиќ - Пановска ( Рахилка Фирфова Ѓоргова) ; Зорица Панчиќ ( Невенка Вуиќ); Сашка Димитровска ( Ленка) ; Јордан Витанов ( револуционерот Бане); Слободанка Чичевска (мајка на Ленка).
Оргиналната музика е на Калиопи Букле.
Премиерата во Скопје е на 15 јуни, во Битола на 23 јуни. Филмот премиерно ќе биде прикажан низ повеќе други градови во Македонија. Веќе е најавено и неговото учество на фестивалот „LIFE“, Република Словенија.