Mинистерката за МИОА во посета на Општина Велес

Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со раководителите од општинската администрација и директорите на институциите чиј основач е општината, денес имаше работна средба со министерката за Информатичко опоштество и администрација, Марта Арсовска Томовска.
Целта на посетата беше разгледувањето на сите аспекти од примената на новиот Закон за општа и управна постапка. Министерката Арсовска Томовска рече дека посетите на единиците на локалната самоуправа е да се види подготвеноста во надминување на одредени недостатоци пред отпочнувањето на примената на законот од први август.

За граѓаните ова ќе значи скратување на времетраењето на постапката, но и намалување на трошоците за поединците што се засегнати. Ова е интересна новина со цел подигнување на квалитетот на јавните услуги. Според градоначалникот Чадиев, Општина Велес во досегашниот период докажа дека е максимално транспарентна и им излегува во пресрет на потребите на граѓаните но и на правните лица.
Тоа ќе биде случај и со примената на новите законски измени, за што искажа огромна благодарност за досегашната соработка со Министерството за информатичко општество и администрација. Инаку, новиот закон, покрај подобрувањето на ефикасноста на администрацијата, значително ќе придонесе и во експедитивноста и економичноста на постапките.