Покана за Јавна расправа
Врз основа на член 20, став 2 од Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа („Сл. Весник на Република Македонија“ бр.61/04), Општина Велес Ве повикува на
Со почит,
ЈАВНА РАСПРАВА
На јавната расправа ќе биде презентирана можноста и условите за задолжување на општината. Бидејќи средствата од задолжувањето ќе бидат наменети за задоволување на јавен интерес на граѓаните на Општина Велес, на оваа јавна расправа ќе се утврдат приоритетите за намената на средствата од задолжувањето. Јавната расправа е отворена за сите граѓани на Општина Велес.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 21.06.2007 (четврток), со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Велес.
Поради улогата на граѓанското учество во одлучувањето по важни прашања за развој на општината, Вашето присуство и придонес во дискусијата ќе биде од големо значење.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски с.р.
на Општина Велес
Аце Коцевски с.р.