Затворен 13-тиот Интернационален фолклорен фестивал
На сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес синоќа градоначалникот Славчо Чадиев го прогласи за затворен 13-тиот Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2016“. Пред бројната велешка публика на затварањето настапија фолклористите од ФА „Малешевци“ од Бугарија, АНИ „Хојем“ од Турција, ФА „Доина Бараганулуи“ од Романија, КУД „Бабо“ од Грција, РГ „Миетниовјаци“ од Полска и Ансамблот „Керамичар“ од Велес. На фестивалот кој почна на 5-ти овој месец преку игра и песна се испреплетоа боите на Македонија, Мексико, Србија, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Црна Гора и Грција.