Делегација од Oпштина Бига од Р. Турција во посета на Велес

Во посета на Општина Велес деновиве претстојува делегација од збратимената општина Бига, Република Турција, предводена од градоначалникот Исмаил Ишик и членови на советот.
За гостите најпрвин беше организиран прием од страна на градоначалникот Славчо Чадиев, а потоа беше направена и обиколка и разгледување на градот.
На приемот се разговараше за продлабочување на пријателството и креирање на нови значајни проекти. При посетата беа отворени и повеќе прашања од областа на економијата, културата, образованието и други области во кои може да се промовира искрена и пријателска соработка.

Гостите од Република Турција ја искористија можноста и да ја посетат родната куќа на Хамдибеј Велешанецот кој по потекло е од Велес а неговиот лик и дело е од големо значење за турскиот народ и историја. Денес, 95 години по неговата смрт, Хамдибеј останува да биде големиот мост за поврзување помеѓу двете општини.