Уредена е улица во с. Бузалково

Во с. Бузалково неодамна завршија градежните активности за уредување на улица од ова населено место, во должина од 400 метри.
Средствата за оваа намена се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, а активностите беа предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот за 2016 година.