Општина Велес прва го усвои Етичкиот кодекс на локалните функционери
На 49 та седница, Советот на Општина Велес едногласно го усвои Етичкиот кодекс на локалните функционери во Република Македонија. Точката на дневен ред иницираше дискусија околу моралните и етичките импликации на документот на работата на локалните функционери.Како што рече градоначалникот Аце Коцевски потенцирајќи го образложението на Предлог - одлуката за усвојување на Етичкиот кодекс на локалните функционери во Република Македонија, овој значаен документ инициран од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации во соработка со ЗЕЛС ќе придонесе за поголема одговорност, транспарентност и отчетност на функционерите во локалната самоуправа.
„Македонија е последна земја во регионот која досега не усвоила ваков документ што првично е инициран од Советот на Европа“, рече Коцевски.
„Етичкиот кодекс на локалните функционери во Република Македонија“ е документ подготвен од Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП и ЗЕЛС во рамките на проектот „Борба против корупцијата за подобро управување“. Во подготовката на документот кој содржи 34 члена, активно учествуваа градоначалници и други локални функционери од над 40 општини во Република Македонија.
Целта на документот е да обезбеди услови за соодветна имплементација на борбата против корупцијата на локално ниво и да овозможи транспарентно и отчетно работење на избраните локални функционери (Градоначалник, претседател и членови на Советот на општината, директори на јавни претпријатија основани од општината и директори на институции на локално ниво кои работат под надлежност на општината).
Усвојувањето на „Етичкиот кодекс на локалните функционери во Република Македонија“ значи воведување на највисоките европски и светски стандарди на работа на локалната самоуправа со примена на принципите на заштита на јавниот интерес, транспарентност и отчетност во работата на локалната самоуправа „Етичкиот кодекс на локалните функционери во Република Македонија“ го усвои Управниот одбор на ЗЕЛС, со препорака да биде усвоен од страна на советите на општините. Општина Велес е прва во Република Македонија што го усвојува овој значаен документ.