Министерот за локална самоуправа во посета на Велес
Со желба да се запознае со резултатите што Општина Велес како општина за пример ги покажа во првата фаза на процесот на децентрализација, Министерот за локална самоуправа Абдураман Мемети, престојуваше во работна посета на општината. Во рамките на посетата тој оствари средба со градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на која беа разменети мислења околу досегашните искуства од реформата на локалната самоуправа во Република Македонија и клучните аспекти на втората фаза на процесот на децентрализација. Особено внимание беше посветено на проблемите во сферата на образованието и фискалната децентрализација.
Министерот Мемети кој ја посети салата за електронско одвивање на седниците на советот и Граѓанскиот сервис центар, изрази задоволство од степенот на развој на капацитетите на Општина Велес оценувајќи дека Велес е општина за Европа.
„Децентрализацијата е како матичен триаголник во кој сите страни треба да се усогласат и развијат“, рече Министерот за локална самоуправа потенцирајќи дека во втората фаза на децентрализацијата треба да влезат 40-на општини. Засега за преминување во втората фаза на децентрализацијата се пријавиле општините Велес, Охрид, Гевгелија, Арачиново и Сопиште. По прашањето околу проблемите со децентрализацијата во образованието, Мемети напомена дека реформата не е нешто што се случува одеднаш и дека проблеми имало и досега, но министерството ќе вложи напори за да се создадат неопходни услови за непречено одвивање на процесот на децентрализација.