Пуштен во употреба паркинг-просторот позади Гимназија
Градоначалникот Славчо Чадиев во рамки на својата работна агенда направи увид на локацијата позади Гимназијата „Кочо Рацин”, каде што заврши поплочувањето на паркинг-просторот.
Новиот паркинг е наменет за 54 возила а со тоа се очекува да се намали навалицата и гужвата во ова градско подрачје.Со пуштањето на употреба и на овој паркинг Општината вкупно има направено паркинг-простори за 460 автомобили.