Честитки по повод големиот исламски празник Курбан Бајрам

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми, Вам, верниците од муслиманска верисповед од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, да ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот исламски празник Курбан Бајрам. Овој празник за вас има голема важност. Курбан Бајрам одсекогаш бил симбол за почитта, толеранцијата и љубовта помеѓу луѓето, хуманоста кон беспомошните, простувањето и милоста кон секој добронамерник. Најискрено посакувам празникот да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија споделувајќи љубов со ближните.

Со почит,
Славчо Чадиев,
Градоначалник на Општина Велес