Отворено четвртото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“
Во атмосфера исполнета со шаренилото на богатата фолклорна ризница, орото и звукот на традиционалните инструменти на балканските народи, по четврти пат во Велес беше отворен Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“. Фестивалот започна со традиционалното дефиле на учесниците по велешките улици. Поздравувајќи ги гостите, културно уметничките друштва од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Турција и Романија и учесниците од Македонија, фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски.
„Нашиот фестивал веќе преминува во традиција. Тоа значи дека велешани го исполнуваат аманетот на нашите предци и се обидуваат со успех да ги негуваат фолклорот, традицијата и обичаите на своите предци. Како што велат, како што нема дрво без корен така и нема нација која не ги почитува своите корени, своите вредности“, рече меѓу другото Коцевски. Свеченото отворање на фестивалот во Младинскиот парк го проследија голем број граѓани чие масовно присуство ги надмина сите очекувања.
Годинава на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ учествуваат фолклорни ансамбли од Турција, Романија, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија како и 5 домашни фолклорни ансамбли.
Во рамките на свеченото отворање на фестивалот, на сцената во Младинскиот парк настапија сите странски ансамбли како и Перкашен Бенд „Ритмика“ и КУД „ Коле Неделковски“ Велес, Р.Македонија.
Судејќи според интересот на граѓаните да го проследат и ова издание на фестивалот, оваа меѓународна манифестација прераснува во значаен белег на велешката и македонската култура.