Затворено четвртото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“.
Раскошот на фолклорот, единствената убавина на културните разлики меѓу народите, впечатливите народни носии, масовноста и интересот на граѓаните, временските услови... Годинава се беше во полза на квалитетно и незаборавно издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“. Љубителите на фолклорната ризница имаа можност на три локации (Младинскиот парк, плоштадот Сармаале и ракометното игралиште во населбата „Тунел“) во Велес како и на локации во Општина Чашка, да ги проследат настапите на фолклорните ансамбли од 5 земји од странство и изведбата на домашните културно уметнички друштва.
Годинава како гости учесници на фестивалот настапија:
- ГФА „Бугојно “ - Бугојно, Р.Босна и Херцеговина
- КУД „ Антон Јоже Штрафела“- Марковци , Р. Словенија
- КУД „ Меркези “ - Р. Турција
- А „Doina Baraganului “- Лаломита, Р. Романија
- КУД „ Севдах“- Врање, Р. Србија
- УД „ Братство“- Суботица, Р. Србија
Од домашните ансамбли на фестивалот се претставија:
- ФА „ Вила Зора“- Велес,
- КУД „ Бирлик“ -Велес,
- КУД „Универзал“- Г.Оризари
- КУД „Тодор Јанев“ - Чашка, Р. Македонија
- ФА „ Распеани Велешани“ - Велес
- КУД „ Коле Неделковски“- Велес
- КУД „Керамичар“- Велес
- Перкашен Бенд „ Ритмика “-Велес.
Фолклорните ансамбли ги воодушевија присутните со енергијата и посветеноста кон задачата својата земја и својот културен идентитет да го презентираат на најдобар можен начин.
Четвртото издание на веќе традиционалниот Интернационален фолклорен фестивал ќе остане запаметено по масовноста на граѓаните. Огромниот интерес да се проследат настапите на фолклорните ансамбли потврди зошто оваа културна манифестација од меѓународен карактер е еден од најзначајните културни настани за Велес и Македонија во текот на летниот период. Причина повеќе фестивалот да расте и секоја година да привлекува уште поголем број посетители.
Четири дена Велес живееше со колоритот, звуците и движењата на фолклорот во атмосфера што долго ќе остане запаметена. Придобивка повеќе се новите пријателства, размената на искуства и продлабочувањето на соработката помеѓу членовите на фолклорните ансамбли од Македонија и странство.
Во рамките на свеченото затворање на фестивалот, градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски на сите учесници им додели пригодни признанија за учеството на ИФФ „Велес“ 2007.