Започна третата Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки Мајстори“
Од 9-ти до 19-ти јули годинава, во живописното Папрадиште ќе творат 17 уметници од земјава и од странство. По повод стартот на третата Сликарско-копаничарска колонија, учесниците на колонијата ги поздравија градоначалникот на Општина Велес Аце коцевски, раководителот за групата на академски сликари, Живко Пренџов и раководителот за групата копаничари, Љубомир Бисин. Посакувајќи им добредојде на колонијата,пријатен престој и дружење, градоначалникот Коцевски ги информираше учесниците за значењето на Папрадиште за македонската историја и култура како и за архитектите, уметниците и интелектуалците кои потекнуваат оттаму: Андреа Дамјанов, Димитрија Чуповски, Димитрија Андонов Папрадишки и Ѓорги Зографски.Живко пренџов изрази надеж дека 10-те дена на колонијата ќе поминат во творештво, а пред се со нови пријателства и многу дружење. Од своја страна Љубомир Бисин на учесниците им порача „Папрадиште или се доживува наеднаш, интензивно или не се доживува“.
На третата Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки Мајстори“ 2007 учествуваат:
Сликари:
o Камен Крумов- Република Бугарија (Свиштов)
o Драган Периќ - Република Србија (Ниш)
o Реџеп Никшиќ - Република Србија (Нови Пазар)
o Живко Пренџов - Република Македонија (Велес)
o Благојче Наумоски- Република Македонија (Кичево)
o Ангеле Гавровски – Република Македонија (Скопје)
o Ирина Титиева - Република Македонија (Скопје)
o Маја Стефановска - Република Македонија (Скопје)
o Верица Димеска - Република Македонија (Скопје)
o Наташа Ќулафкова - Република Македонија (Велес)
o Љубинка Манчевска - Република Македонија (Велес)
Скулптор
o Војко Јаневски - Република Македонија (Велес)
Копаничари:
o Јордан Спасов - Република Бугарија –(Свиштов)
o Драган Зелениковски - Република Македонија (Петровец)
o Влатко Крстев - Република Македонија (Штип)
o Благоја Анакиевски - Република Македонија (Блатец)
o Љубомир Бисин - Република Македонија (Велес)
Делата создадени на третата Сликарско копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ , љубителите на уметноста ќе имаат можност да ги видат на традиционалната изложба на колонијата што Општина Велес ја организира по повод 9-ти Ноември, Денот на општината.