Градоначалникот Чадиев ја отвори 13-тата „Велешка питијада“AlbumsГрадоначалникот Чадиев ја отвори 13-тата „Велешка питијада“
Децата се главните ѕвезди на „Велешката питијада“. Оваа 13-та по ред им ја посветувам токму нив. Тие ќе ја продолжат традицијата на велешката пастмалија ,специјалитет по кој е познат градот, рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на отворањето на манифестацијата. „Во наредните денови да уживаме во музика, дружење, песна и забава. Да покажеме дека Велес е центар на културата. Така било во минатото, така е денеска, а така ќе биде и во иднина „ вели Градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев.
Инаку пишаните податоци за велешката пастрмалија датираат уште од Турско. Во архивите е пронајден документ стар 147 години. Во него стои наредбата од турските големци за подготовка на пита со пастрма..