Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки Мајстори“

ImageВо екот на третата Сликарско – копаничарска колонија „Папрадишки Мајстори“, традиционално на големиот православен празник Петровден, Општина Велес организираше посета на претставниците на медиумите кои на лице место, во Папрадиште можеа да го видат создавањето на уметничките дела на 17 уметници кои годинава учествуваат на колонијата.
 
На денот поминат со уметноста му претходеше света литургија што по повод Петровден во црквата „Св. Петар и Павле“ ја одржа Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Со градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, г. Агатангел ги посети уметниците во Папрадиште и пројави интерес за процесот на создавање на копаничарските дела.

ImageНа прес конференцијата што по повод третото издание на сликарско - копаничарската колонија „Папрадишки Мајстори“, градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство што Папрадиште го враќа сјајот на центар на македонската уметност, а особено поради фактот што годинава се зголеми бројот на уметници од земјава и странство кои учествуваат на колонијата.

На средбата со новинарите во Папрадиште, учесниците на колонијата ги претстави Живко Пренџов, раководител на делот за ликовна уметност и Љубомир Бисин, раководител на делот за копаничарство. Делата создадени на третото издание на колонијата, традиционално ќе бидат презентирани во јавноста на изложбата што Општина Велес ќе ја организира по повод 9-ти Ноември, Денот на општината.
 
Image  Image