VI-то издание на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“ + Програма

ImageОд 20 до 30 јули годинава, Општина Велес ќе го реализира шестото издание на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“. На прес конференцијата посветена на организацијата на фестивалот, Катица Чадиева, раководител на  одделението за култура при Општина Велес ги изнесе деталите околу организациските подготовки на овој значаен меѓународен фестивал.


„За отворањето на Фестивалот и оваа година се потрудивме да обезбедиме несекојдневна уметничка програма – настап на уметници од Народна Република Кина со традиционални песни и танци.


Ја користам оваа прилика во име на Градоначалникот и Советот на Општина Велес да ги поканам граѓаните да избегаат од летните горештини и да дојдат во Стоби на сите фестивалски вечери, зошто навистина Програмата на Фестивалот годинава е многу интересна“. Рече меѓу другото Чадиева.

Програмата на фестивалот ја презентираше Младен Крстевски, претседател на Организациониот одбор на фестивалот кој потенцираше дека годинава во официјална конкуренција за наградите се 4 претстави од кои две од странство, од Руската федерација и од Република Србија.

„Очекувам квалитетно издание на фестивалот особено поради фактот што две претстави се наменски направени токму за сцената во Стоби“, рече Крстевски.
На средбата со новинарите присуствуваа и Слободанка Чичевска и Божидар Јовиќ, членови на Организациониот одбор на фестивалот.

За граѓаните на Велес и годинава   е организиран бесплатен автобуски превоз.
Бесплатни се и  влезниците за следење на претставите. Граѓаните кои немаат влезници исто така ќе можат да ги следат претставите во античкиот театар „Стоби“.

Свеченото отворање на фестивалот е најавено за 20 јули (петок), со почеток во 21 часот.

Автобусите за граѓаните заинтересирани да го следат фестивалот ќе бидат паркирани на улицата „Маршал Тито“ (наспроти зградата на Основниот суд“ и поаѓаат во 20 часот.

Општина Велес ги поканува граѓаните масовно да ја посетат оваа атрактивна културна манифестација од меѓународен карактер и да бидат дел од единственото доживување на шестиот по ред Меѓународен фестивал на античка драма „Стоби“. Детални информации за претставите во античкиот театар Стоби можете да добиете од програмата на фестивалот.

ПРОГРАМА
на шестото издание на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“ 2007

 

Ден и време

ПретставаВо изведба на
 20 јули 2007 (петок)
 21.00 часот

Свечено отворање на ФАД „Стоби“ 2007

„Антигона“
Автор: Софокле
Режија: Љубослав Мајера

Народно позориште,
„Тоша Јовановиќ“
Зрењанин
Р.Србија

23 јули 2007 (понеделник)
 21.00 часот

„Индија, Индија“
Автор: Петре Бакевски
Режија: Младен Крстевски
Копродукција
Скопско лето –Скопје
Штипско културно лето
Р.Македонија

26 јули 2007 (четврток)
21.00 часот

„Медеа“
Автор:  Еврипид,
Л. Разумовскаја
Режија:  Данаил Захаров
Театар „Город“ од Долгопрудниј
Русија

30 јули 2007 (понеделник)
21.00 часот

„Да се заборави  Херострат“
Режија: Зоја Бузалковска

Свечено затворање на ФАД „Стоби“ 2007 и доделување на наградите
НУЦК  Театар Ј.Х.К.Џинот, Велес
Р.Македонија