„Папрадишки мајстори“ - заврши
17-те уметници од земјава и од странство кои годинава имаа можност да творат во живописните предели на Папрадиште го заокружија десетдневното творештво и дружење во рамките на третата по ред Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“. На свечената средба што ја организираше Општина Велес, учесниците на колонијата ги поздрави Трајко Бабунски, претседател на Советот на општина Велес кој им врачи благодарници за учество на колонијата.
„Се надевам дека Сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“ во иднина ќе ја прошириме и дека ќе прерасне во традиција“, рече Бабунски честитајќи им на уметниците на извонредно плодното творештво што оваа година ја одбележа колонијата. Присутните ги поздравија и Марија Настова, раководител на Сектор во Општина Велес, Живко Пренџов, раководител на сликарскиот дел и Љубомир Бисин раководител на копаничарскиот дел на колонијата.
На средбата учесниците имаа можност да ги соопштат своите впечатоци од творештвото во Папрадиште. Доминираа пораките дека годинава „Папрадишки мајстори“ ќе остане незаборав не само поради големиот обем на создадени уметнички дела туку пред се поради дружењето на учесниците и единствената убавина на Папрадиште.
Делата создадени на третата по ред Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ ќе и бидт претставени на јавноста на изложбата што Општина Велес ќе ја организира по повод 9-ти Ноември, денот на Општината.