СЕ МЕНУВА КРОВОТ OД ЗГРАДАТА НА ПОРАНЕШНОТО УЧИЛИШТЕ „ЈХК ЏИНОТ” КАДЕ ЌЕ БИДЕ СМЕСТЕНА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА И ЦЕНТАРОТ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

Денеска беа отпочнати со реализација на градежните активности за реконструкција на кров на поранешното основно училиште „Јордан Х.К. Џинот”, кој како јавен објект е во сопственост на Oпштина Велес. Дел од оваа зграда во следниот период се планира да прерасне во детска градинка со што ќе се задоволи зголемената потреба за згрижување на деца. Горниот кат ќе биде наменет за Центарот за граѓански организации кои работат со лица со попреченост.

Овие градежни активности се имплементираат во рамки на проектот: „Грижа за лицата со попреченост преку обезбедување на поадекватни просторни услови за граѓанските организации за подготовка и испорака на поквалитетни услуги кои ќе ја помогнат интеграцијата на овие лица во општеството - Реконструкција на јавен објект на Општина Велес – Центар за граѓански организации кои работат со лица со попреченост”, кој е финансиски поддржан од Програмата за локален развој на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, Општина Велес и Центарот за развој на Вардарски плански регион.Како дел од овој проект, во изминатиот период беа изработени основен проект за реконструкција на кров, фасада, и промена на врати и прозорци, како и ревизија на основниот проект. Вкупните финансиски средства за целиот проект се во висина од околу 2.500.000 денари.