Првата официјална посета на Јапонскиот амбасадор во Велес

Првиот амбасадор на Јапонија во Република Македонија, ја избра Општина Велес да биде неговата премиерна дестинација. Амбасадотор Кујоши Коинума оствари средба со градоначалникот на Општина Велес,

Славчо Чадиев на која се дискутираше за досегашните, но и за идните соработки пред се на полето на образованието и медицината. Како дел од посетата, шестчелената јапонска делегација заедно со градоначалникот Чадиев, беа во ООУ „Благој Кирков“, ООУ „ЈХК Џинот“ и ПОУ „Маца Овчарова“, трите велешки училишта каде јапонската амбасада донираше грант во висина од 53 800 евра и се реализираше проект за набавка на два нови парни котли кои го затоплуваат објектот, а воедно како дел од истиот проект се изврши и реновирање за сите санитарни јазли.Во овие овразовни институции настава посетуваат околу 800 ученици, При посетата гостите се лично увидоа дека условите за настава сега се подобри.