Средствата во ставката за еднократна финансиска помош за социјално загрозени семејства зголемени за 40 отсто
Правото на социјална заштита и достоинстен живот е едно од основните човекови права на секој граѓани. Општина Велес како врвен приоритет во своето работење го има социјалниот аспект.
Една од главните ставки во програмата за работа на Советот на Оштинана Велес е финасиска помош на членови од социјално загрозени семејства. Во 2016 година, позитивно одговоривме на 96 барања од граѓани на кои им била потребна помош. Помошта се движи помеѓу 3000 и 65 000 денари во зависност од нивните барања. Ако на оваа бројка се додадат и 40-те хуманитарни пакети и ваучери кои беа доделени за ново годишните празници, тогаш бројката на граѓани и семејства кои добиле директна помош од Општина Велес е 136.
На овој начин ќе продолжиме со работа и во 2017 година. Општија Велес дополнително ќе вложи средства за подобар живот на оваа категорија на граѓани. Во програмата за работа ставката за финансиска помош на членови од загрозени земејства е зголемена од 600 000 на 1.000.000.
За подобрување на квалитет на животот Општина Велес има донесено Локален план за лица со инвалидност. Оваа година тој документ е ревидиран и има важност до 2020 година. Како дел од него набавивме две електромоторни инвалидни колички и хидрауличен елеватор за користење во домашни услови. Вредноста на овие набавки изнесува 300 000 денари.
Во текот на 2016 година,отворивме и ресурсен центар за лицата со оштетен вид. Во младинскиот парк заеднички во Центарот за поддршка на Вардарскиот плански регион изградивме летниковец и поставивме реквизити за лицата со посебни потреби.
Издвоивме финасиски средства за деца без родителска грижа и за денот на гладните. Продолжуваме да ги поддржуваме проектите од национален интерес на полето на социјалната заштита на граѓаните.
Издвојуваме и финасиски средства за талентирани ученици од семејства во социјален ризик.