Средба на тема: трет пензиски фонд
Општина Велес и Агенцијата за супервизија на капитално финасирано пензиско осигурување при Влада на Република Македонија МАПАС организираше средба на тема: Доброволното капитално пензиско осигурување (трет столб) со работадавачите, во просториите на Општина Велес.
На средбата се разгледаа прашањата за системот, на кого се се однесува, кој може да се вклучи, кога може да се земе пензија и кога ќе се воспостави и започне да се имплементира системот .
Во текот на разговорите се објасни и можноста за професионални пензиски фондови кои може да ги финансираат работодавачите за своите вработени и какви придобивки ќе произлезат за самите вработени и работодавачи од имплементирањето на овој систем.
Третиот столб ќе го заокружи процесот на реформата на пензискиот систем во Македонија.

За подетални информации од оваа област посетете ја веб страната www.mapas.gov.mk