Антиката живее во Стоби

Image Граѓаните на Македонија деновиве имаат можност да побегнат од пеколните горештини во едно сигурно катче: светот на античкиот театар.
Во рамките на шестото издание на Стоби, изминатава недела љубителите на театарската уметност уживаа во древниот амбиент на античкиот театар во Стоби и новиот живот на Софоклиевата Антигона во изведбата на Народно позориште од „Зрењанин“, Република Србија , во неотсонуваниот македонски сон на Александар Велики во претставата „Индија Индија“ од Петре Бакевски, во режија на Младен Крстевски, и во фантастичната енергија на театарот „Город“ од Долгопрудни-Руска Федерација што со претставата „Медеа“ ја врати античката трагедија во нејзиниот природен простор.
 
 
 
Image И годинава „Стоби“ донесе нова поинаква и единствена димензија на театарот спојувајќи го зачуваниот сегмент на вредности од едно далечно време и енергијата на театарскиот израз на 21 век. Ритуалот на слободната воља помеѓу некогаш и денес во претствата „Антигона“, изворноста и впечатливата костимографија во претставата „Индија Индија“, единственоста на изразот и танцовите елементи во претставата „Медеја“ ќе останат незаборавни впечатоци од „Стоби“ 2007. Ова патување во светот на антиката ќе го затвори велешкиот Народен театар со претставата „Да се заборави Херострат“ од Глигориј Горин, во режија на Зоја Бузалковска. За да биде незаборавот поголем, со свој настап на сцената во античкиот театар  ќе се погрижи Драган Даутовски. Останува оние што вистински го сакаат театарот, на 30 јули вистински да уживаат.