Прес конференција на Градоначалникот
Илинден е најголем празник, симбол на непокорот, вечната борба за слобода и ден на деновите на кој се удрени темелите на македонската држава.Затоа треба да се слави гордо и достоинствено, како и што прилега-истакна Аце Коцевски градоначалник на Општина Велес на прес конференцијата одржана на 30.07.2007 година.
Коцевски го изрази своето разочарување и незадоволство од односот кон празникот на највисоките државни раководители кои со своите постапки наместо да ги обединуваат ги разединуваат граѓаните ризикувајќи манифестациите во Крушево и Пелинце да ги претворат во партиски прослави.„Треба да се угледаат и инспирираат од делата и саможртвата на хероите кои ги дале своите животи за Македонија.
Во ова време на големи делби и ерозија на моралните вредности Илинден мора да биде силен фактор на кохезија, за обединување околу најважните национални, стратешки интереси „ - додаде Коцевски.За огнената стихија што ја зафати Република Македонија со опасни последици за животната средина, рамнотежата во природата и за здравјето на луѓето Градоначалникот Аце Коцевски го искажа ставот дека пожарите не се гасат со надмудрување,наелектризирани политички дебати и кампањски туку со благовремено, континуирано и професионално извршување на обврските на сите кои се одговорни Тој побара Владата на Република Македонија да го почитува Законот за пожарникарство и да обезбеди услови за работување на повеќе пожарникари и доследана примена на законските обврски за набавка на против пожарна опрема и средства за гаснење пожари од 12% од наплатените премии за осигурување на имот од пожар што се уплаќаат на посебна сметка во Дирекцијата за заштита и спасување.Градоначалникот Коцевски упати пофалби до ТППЕ од Велес за професионалниот однос во гаснењето на пожарите, како и до припадниците на АРМ, МВР и до граѓаните кои доброволно учествуваа во гаснењето на пожарите.
На крајот Коцевски истакна дека и покрај констатираните забелешки во финансиското работење на Општина Велес Државниот завод за ревизија во својот конечен извештај оценил дека финансиските извештаи ја прикажуваат вистинито и објективно финансиската состојба согласно важечката законска регулатива и дека е остварено законско и наменско користење на средствата во финансиските трансакции.