Регионална средба за актуелната состојба со пожарите, преземени мерки и следни активности

Image На 30.07 2007 година во просториите на Општина Велес се одржа регионална средба во врска со актуелната состојба со пожарите во регинот.На средбата присуствуваа претставници  од општините Велес, Градско и Чашка. Учествуваа вработени од ТТПЕ – Велес, Дирекцијата за заштита и спасување,  Регионалниот центар за управување со кризи, СВР од Велес, Чашка, Градско и Богомила, невладини организации и средствата за јавно информирање.  Средбата ја следеа и претставници на ОБСЕ во Македонија.

ImageГрадоначалникот на Општина Велес, господинот Аце Коцевски, кој ја водеше  средбата, истакна дека во периодот од 21 до 26 јули на територијата на општина Велес, Чашка и Градско имаше вкупно 29 пожари, од кои два беа активни неколку дена. Пожарите на територијата на Општина Велес и соседните општини, кои ги покрива ТППЕ од Велес, беа  навреме локализирани и не се дозволи тие да се прошират. Во моментов на територијата на општина Велес и соседните општини нема активни пожари.

Во гаснењето на пожарите голем придонес освен вработените во ТППЕ Велес дадоа припадниците на Армијата на Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување,  Шумското стопанство, МВР , а во загрозените подрачја – Бистрица, Џидимирци и Иванковци ,  со сопствена механизација се вклучи и месното население. 

Беше истакната потребата и во наредниот период будно да се следи состојбата од сите  надлежни субјекти, воспоставената соработка и понатаму  да се одвива на високо професионално ниво,  посочените недоследности навреме да се елиминираат, а граѓаните, невладините организации и здруженија на граѓани  поактивно да се вклучуваат во гаснењето на пожарите или елиминирањето на последиците од пожарите.

Средбата  заврши со  конкретни заклучоци  и истакнување на потребата од координација и во наредниот период., изготвување на анализа  и подготовки за преземање на активности за наредната, зимска сезона, кога не очекува заштита во зимски услови.
ImageImage