Долгорочно невработени лица ја уредуваат општината
Општина Велес во соработка со ЈКП "Дервен" и Агенцијата за вработување-Центар за вработување Велес го спроведуваат проектот за времено вработување на долгорочно невработени лица во вршење на јавни работи. Основна водечка цел беше да им се понуди нов почеток на специфични социјални групи со ангажирање во времено вршење на јавни работи за да се стекне работно искуство, како и да се подобри квалитетот на живот на граѓаните преку уредување и озеленување на општината во летниот период кога фреквенцијата на граѓаните и престојот на отворено е голем.
40 долгорочно невработени лица се работно ангажирани во РЕ "Паркови и зеленило" во чистење и уредување на зелените површини во општината.
Секое утро во раните утрински часови тие започнуваат да ги извршуваат своите работни задачи - уредување и озеленување на запуштените зелени површини, расчистување на отпадот, отстранување на неорганизираното зеленило.
Во периодот кој измина евидентно е уредувањето и одржувањето на Градскиот парк; паркот до Автобуската станица; паркот под Железниот мост; каналите за атмосферски води на ул. Марксова и Кумановска; пристапните патишта до општината од Превалец, Башино село, Дурутовец; зелените површини пред стамбените згради во комплекс УЗУС, ул. Ленинова, Марксова, 11 Октомври; чистење на 21 детски забавен прак.

Со помош на ангажираните лица се исфарбаа 200 клупи низ градот, како и дел од содржините за рекреација на најмладите велешани.
Севкупната проектна координација е водена од работните тимови од ЈКП "Дервен", Општина Велес и Центар за вработување-Велес.
Имплементирањето на проектните активности продолжува до средината на септември кога ќе се сумираат очекуваните резултати.
Имплементирањето на проектните активности продолжува до средината на септември кога ќе се сумираат очекуваните резултати.