Образованието рак рана на децентрализацијата
Апелирам до Министерот за образование и наука да направи вистински избор на приоритети, изјави за медиумите градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски во контекст на катастрофалните состојби во кои се наоѓа училишната зграда во село Горно Оризари.
Оценувајќи го образованието како „рак рана на процесот на децентрализација со многу отворени прашања и проблеми“, Коцевски изрази загриженост од молкот на Министерството за образование и наука по констатацијата на санитарната инспекција дека ООУ „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари „не ги задоволува основните безбедносни услови по однос на градежните карактеристики, како и минималните хигиенски услови за работа на училиштето“ и заклучокот дека „во колку не се преземат конкретни мерки за безбедно следење на наставата, ќе биде издадено решение за забрана за употреба на објектот“.
„Наспроти фактот што Општина Велес во јули годинава за ова со допис ги извести Министерот, Заменик-министерот и Државниот секретар за образование, одговор сеуште нема“, рече Коцевски потенцирајќи дека капиталните инвестиции се надлежност на министерството за образование и наука и дека досега воопшто не е одржувана зградата на училиштето во Горно Оризари изградена во 1945 година. Коцевски изрази револт и поради скратувањето на средствата за изградба на новиот училишен објект во Горно Оризари. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ наставата ја следат 227 ученици од I-VIII одделение.