Турнир во мал фудбал за пионери и кадети

Image26 екипи со 300 млади фудбалери учествуваа на Турнирот во мал фудбал за пионери и кадети 2007. Финалните натпревари се одиграа на спортските терени во „Дворови“. „Снупи“ се покажа како најдобра екипа на ова издание на турнирот совладувајќи ја во финалето екипата на „Црна Река“ со 2:1. На третото место се пласираше екипата на „Макпромет“. Турнирот кој траеше 20 дена, се одржа во чест на  Илинден. Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, на најдобрите екипи и поединци им додели пригодни награди.