Во 2006 година, Општина Велес работеше одговорно и домаќински
„Финансиските извештаи ја прикажуваат вистинито и објективно финансиската состојба на сметката на Органот на Општина Велес и остварено е законско и наменско користење на средствата“- Ова Мислење на ревизорите од Државниот завод за ревизија, градоначалникот на Општина Велес уште еднаш им го презентираше на новинарите по неоснованите обвинувања на ОО ВМРО-ДПМНЕ дека во 2006 општината работела незаконски.
„Сите заинтересирани можат да го прочитаат муслењето на рефизорите, во извештајот за 2006 година, јавно објавен на веб страницата на Државниот завод за ревизија“, рече Коцевски кој напомена дека е нормално да има забелешки од ревизорите но треба да се направи разлика во оценките затоа што има општини во кои според ревизорите „Не е остварено законско и наменско користење на средствата“.
„Поголемиот дел од утврдените неправилности во извештајот се направени со цел да се заштедат средства во Буџетот на општината, рече Коцевски.