Партерно уредување на улица 11 Октомври
Во завршна фаза е партерното уредување на улица 11-ти Октомври. Градоначалникот Славчо Чадиев со стручните служби од локалната самоуправа денеска беше на лице место и ивршија увид во градежните активности. Воедно се разгораваше со граѓаните кои живеат во непосредна близина околу одредени детали кои може да се изменат за просторот да биде пофункционален. Со бекатон коцки ќе биде опфатена површина од 1150 метри квадратни, во вредност од 1,2 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Велес.
Со уредување на просторот воедно ќе се попречи и движењето на моторните возила кои досега наместо по улицата, во обид за скратат дел од патот, поминуваа пред зградите каде возрасните и децата го поминуваат дел од нивното слободно време.